Првата перница позната на човештвото потекнува од античка Месопотамија. Направена е од камен и само богатите луѓе во тоа време можеле да си го дозволат тоа да ја поседуваат. Во споредба со перниците од тоа време, денешните перници се различни – тие се меки и многу луѓе не можат да заспијат ако не се „погалат“ со мека голема перница за поголема удобност. Но, дали знаевте дека користењето перница за време на спиењето не е вистинскиот и најдобриот начин за целосен одмор на вашето тело? Има многу придобивки од спиењето без перница и избравме да споделиме со вас 6 од нив. Се надеваме дека ќе бидат корисни за вас.
1. Ги намалува и ги елиминира болките во долниот дел на грбот
Многу перници можат да го донесат во неприродно држење телото додека спиете, што предизвикува разни болки во зглобовите и мускулите, а поддршката што ја нудат овие перници не е долготрајна. Кога спиете без перница, ‘рбетот може да се одмори, а телото е во сосема природна положба.
2. Ја намалува болката во вратот
Повеќето перници не се дизајнирани доволно добро анатомски за да ви помогнат вас и на вашето тело за да спиете во правилна положба со природно лоциран ‘рбет и врат. Ако ова трае предолго, може да добиете болки во зглобовите и пршлените, како и промени во коските со текот на времето. Ако не можете да спиете без перница, изберете ја онаа кој не е премногу мека, ниту премногу тврда за да избегнете болка и непријатност после спиење.
3. Помага при главоболки
Ако се разбудите наутро со главоболка или вкочанетост во главата и вратот, можеби ви е виновна перницата. Ако е премногу висока или прениска, може да предизвика напнатост на вратот и мускулите на главата.
4. Ги намалува нивоата на стрес
Ако вашата перница е непријатна, може да го намали нивото на квалитетен сон. Колку повеќе паузи во длабокиот сон имате, толку помалку време има вашето тело за да ги извршува виталните функции додека спиете. Ако ова се случува често, може да почувствувате промени во расположението, тешкотии во концентрацијата и покачено ниво на стресни хормони во вашето тело.
5. Дејствува превентивно против акните на лицето
Кожата на лицето ќе ви се заблагодари ако се откажете од перницата навечер. Лицето обично е залепено на перницата кога спиете. Најверојатно, нема никој што ја менува навлаката за перници секој ден, и таа собира многу нечистотија и прашина. Сето ова може да доведе до појава на мозолчиња на кожата, воспаленија и брчки.
6. Може да има добар ефект врз вашата коса
Дали сте навикнати да се будите со сува и електрицирана коса? Ова може да заврши ако спиете без перница. Додека спиете ноќе, вашата коса се лизга на перницата и се крши косата. Исто така, перницата ја апсорбира целата нечистотија од вашата коса, која потоа може да се појави на вашето лице, и верувајте ни – вие не го сакате тоа!