ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО ВАШЕТО ТЕЛО ДОКОЛКУ ПИЕТЕ САМО ВОДА

Огромен дел од нашето тело е вода, па затоа е важно да останеме хидрирани. Хидратацијата вклучува внесување на сите видови течности. Но, што ако пиеме само вода? Еве ги придобивките од пиењето вода и ограничувањето на какви било газирани пијалоци, алкохол, сокови, млеко.

Кога сте уморни – може постојано да се чувствувате уморни и да не најдете причина за тоа. Сепак, постои таква причина и најверојатно е дехидрација. Комбинирајте урамнотежена исхрана, вежбање и многу вода за да се чувствувате енергично во текот на денот.

Помалку болки во грбот – водата ја ублажува болката во зглобовите и грбот. Ова ќе ви овозможи да се движите нормално, без грижи и непријатности.Водата е важна за ‘рбетните дискови и ‘рскавицата.Ќе го олесни товарот во нив и ќе ви ја зголеми издржливоста.

Поздраво срце – ако пиете најмалку 5 чаши вода дневно, можете да го намалите ризикот од проблеми со срцето. Водата може да биде превентивна мерка против затнати артерии и згрутчување на крвта.

Побрз метаболизам – И за ова виновник е водата. Побрз метаболизам значи побрзо согорување на калориите и покрај тоа, водата создава чувство на ситост и ја елиминира потребата од консумирање масни храна и слатки.



Зајакнета меморија – во мозокот има 76% вода, па кога клетките се жедни, тоа доведува до проблеми со меморијата а мозокот е забавен. Затоа е важно да се снабдува со доволно вода. Ова не само што ќе ја подобри меморијата, туку и ќе направи да се чувствуваме посвежо и поенергично.

​​Главоболка – може да добиете непријатна главоболка ако не пиете доволно вода. Сосема логично – ќе ја избегнете ако секогаш имате чаша вода со вас.

Подобра кожа – процентот на вода овде не е мал, а знаеме колку е важно кожата да биде хидрирана. Не случајно постојат различни креми и лосиони со навлажнувачки ефект. Водата во кожата е важна за забавување на формирањето на брчки и несовршености на кожата. Ако пиете само доволно вода, кожата ќе биде свежа, убава и здрава, а мозолчињата – едноставно ќе исчезнат.

Подобар имунитет – помага за детоксикација на телото преку потење и почесто мокрење. Кога телото се чисти, помага да се намали ризикот од проблеми со цревниот тракт, мочниот меур и телото како целина.

Запек – па дури и ако немате запек, пиењето на вода им помага на луѓето кои имаат потешкотии да одат во тоалет. Водата ќе помогне храната и насобраниот отпад да се движат низ дебелото црево и да се спречи застојот.