Стрес, вознемиреност, главоболки или поспаност – секоја состојба има свој удел за создавање на непријатни моменти. Но, решението за нив е прилично едноставно – масажа на ушите! Тоа е навистина релаксирачко чувство што може да го ослободи вашиот ум од проблеми и физички непријатности.
- Болката во мускулите се намалува
Нежното влечење и триење на различните делови од ушите, особено лобусите, стимулира многу нервни завршетоци, што пак му помага на мозокот да ослободува ендорфин. Познато е дека овие хормони прават да се чувствуваме добро и помагаат во ублажување на болката. Тие исто така ја подобруваат циркулацијата на крвта. - Нивото на стрес и вознемиреност се намалува
Сосема интересна студија беше спроведена меѓу пациентите за време на ин витро процедурите. Резултатите докажуваат дека масажата на ушите е исклучително корисна во овој вид стресна ситуација. Масирајте ја ушната школка со бавни кружни движења доколку се чувствувате под стрес, немирно, уморно или иритирано. Обидете се да ја пронајдете точката која се наоѓа на врвот на увото и се чувствува како празнина во форма на триаголник. - Олеснува главоболка
Додека лековите против болки можат да имаат некои сериозни ефекти врз вашето тело и здравје, стимулацијата на ушите е безопасна. Можете дури да ја комбинирате масажата со некои поприродни лекови како што е чајот од нане. - Помага при слабеење
Покрај редовното вежбање и јадењето на здрава исхрана, можете да започнете со масирање на различните точки на увото. Излегува дека оваа навика може да помогне при попобрзо слабеење.