ШТО ЖЕНИТЕ САКАТ КАЈ МАЖИТЕ?

Овие се 5-те работи што секоја жена прво ги забележува кај мажот:

Па, секако, прво го забележува целокупниот физички изглед.

Но, дали забележуваат нешто посебно?

Многу жени ќе речат дека гласот обично го забележуваат прво, особено кога е длабок и доминантен, бидејќи тој може целосно да го засени остатокот од изгледот на мажот, па дури и да го смени целокупниот впечаток на подобро.

За жените, мажите со подлабок глас изгледаат секси, моќно и испуштаат самодоверба.

Дамите сакаат високи мажи, бидејќи со нив се чувствуваат побезбедни. Овој вид на размислување, односно чувството е охрабруван уште од античко време.

Истражувањето на Универзитетот во Јута покажа дека претпочитањето на повисоките мажи датира од камено време, бидејќи и тогаш се сметало дека повисоките мажи ќе ги штитат другите полесно отколку пониските.

Ако длабокиот глас и висината се надополнети со брада, тогаш добиваме непобедлива комбинација.

И, иако е реткост жената да се спротивстави на висината и длабокиот глас, како клучни физички квалитети, за брадите дефинитивно ќе се дискутира повеќе.

Сепак, според повеќето истражувања, повеќето дами, на крајот на краиштата, претпочитаат кога мажите имаат брада, отколку кога лицето им е избричено!