Силата на соништата отсекогаш не возбудувала. Што значат тие, дали имаат некој посебен знак или се само извор на нашата фантазија? Многумина веруваат дека соништата се мост помеѓу потсвеста и умот, место што може да не поврзе со универзумот и да видиме „зад завесата“ на животот.
За повеќето луѓе, змијата дефинитивно не е пријатно животно, а некои дури ја класифицираат како „кошмар“. Ако се прашувате каков знак има овој влекач, треба да погледнете во контекстот на самиот сон.
Ако змија ве брка, но не успее да стигне до вас, тогаш ќе се ослободите од опасна ситуација или несреќа. Ако ве нападне – бидете внимателни и многу будни, бидејќи опасноста ве демне. Ако милувате змија – некој ќе ве заведе, но со нечисти намери. Ако само ја гледате – вашето име ќе се вклучи во озборувања и интриги. Ако ви шушка, ве предупредува за проблем кој што ќе ви се појави.