СИГУРЕН ЗНАК ДЕКА ИМАТЕ НЕДОСТАТОК НА Б12

Мазниот, задебелен и црвен јазик може да биде знак за недостаток на витамин Б12, чиј недостаток го зголемува ризикот од малигна анемија.
Ова го објавија експерти од Американскиот национален институт за истражување на срце, бели дробови и крв (NHLBI).

Нагласено е дека на телото му е потребен витамин Б12 за производство на здрави црвени крвни клетки и нормално функционирање на нервниот систем.
Неговиот недостаток во човечкото тело може да ги оштети нервите и да предизвика вкочанетост на екстремитетите, мускулна слабост и губење на рефлекси.



Може да се чувствувате нестабилно, да ја изгубите рамнотежата и да имате проблеми со координацијата.

Тежок недостаток на витамин Б12 може да предизвика невролошки проблеми како што се конфузија, деменција, депресија и губење на меморијата, велат експертите.