Ви се чита но не знаете која книга да ви биде следната? Нашиот предлог е Сите наши тела!
Книгата на најпреведуваниот бугарски автор Георги Господинов ни носи микро раскази за кратки зен медитации.
Господинов мајсторски нè вовлекува во неговиот свет, кој како и нашиот ги содржи истите елементи: раѓање, љубов, живот, смрт. Носталгија по едно време и едно детство, реални моменти кои премногу наликуваат на фантазија и соништа кои може да ги поистоветиме со јаве.
Совршена книга која се чита на едно седнување.