Ви нудиме ефикасна домашна маст која помага при изгореници од сонце со смирување на кожата.
Состојки:
1/2 чаша разладен гел од алое вера
2 лажици кокосово масло (меко или течно)
10 капки есенцијално масло од лаванда (по избор)
2 лажици природен мед (по избор)
Подготовка:
Во сад ставете го изладениот гел од алое вера, додадете го кокосовото масло и убаво измешајте додека не добиете хомогена смеса.
По желба, можете да додадете есенцијално масло од лаванда за дополнително да ја смирите кожата. Ако сакате мастата да биде погуста, додадете 2 лажици мед.
Добиената смеса префрлете ја во соодветна кутија или тегла со капак. Чувајте ја мастата ладна.
Начин на употреба:
Нанесете ја маста на погодените области. Нежно втријте ја кожата со лесни кружни движења.
Повторете го нанесувањето на маста два или три пати на ден или по потреба.
Важно: Ако изгорениците од сонце се сериозни, секогаш е препорачливо да се побара лекарска помош.


