СМУТИ ПОЛНО ВИТАМИНИ КОЕ ЌЕ ГО ОБОЖАВАТЕ

Нутриционистите велат дека закуските се многу важни и дека треба да имаме вкупно две од нив во текот на денот. Тие треба да бидат лесни, но и богати со витамини и хранливи материи кои ќе спречат напади на глад и ќе ни создадат чувство на ситост. Најдоброто решение, во овој случај, е смути.

Брзо се подготвува, ги содржи сите потребни состојки и може да го однесете на работа. Најдовме рецепт за многу вкусно смути што ќе ја задоволи вашата дневна потреба за слатки и ќе ви обезбеди доволна доза на енергија.

Јогуртот и млекото ја задоволуваат дневната потреба за калциум, и спанаќот за витамин Б, додека бананите ќе ни обезбедат доволно количество магнезиум.

Ви требаат следниве состојки:



  • Половина чаша јогурт
  • Половина банана
  • Една четвртина од авокадо
  • Половина чаша спанаќ
  • Половина чаша соја млеко (чоколадо или ванила)
  • Малку сурови бадеми
  • Половина чаша вода

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Ако сакате, можете да изрендате и црно чоколадо.

На здравје!