Кромидот најчесто се користи во салата и разни јадења, но честопати се користи и како лек и за некои трикови низ куќата. Кромидот е ефикасен природен лек бидејќи содржи антисептички и антибиотички агенси, што се должи на високата содржина на сулфур.
Кромидот може да го зголеми вашиот имунитет, да ги спречи мачнините, да ги лекува болестите на респираторниот систем и да помогне во лекувањето на дијабетес, некои проблеми со срцето, холестеролот и артритисот но и да помогне во борбата со опаѓањето на косата.
За оваа цел зовријте малку вода со кромид и користете ја течноста како средство за подготовка пред шампонирање, за да помогне во борбата против губењето на косата и да овозможи раст на нова коса. Нејзините антимикробни својства ќе го елиминираат првутот и ќе промовираат нов раст, додека антиоксидантите ќе го сопрат губењето на косата и ќе помогнат да стане погуста и посилна.