Со својот настап 28-годишниот Даниел доби „да“ од петте члена на жирито.
Во натпреварувањето на „Ѕвезде Гранд“ кандидатот Даниел Тренчовски , кој доаѓа од Париз, а по потекло е од Македонија- Будинарци, за свој ментор го избра Драган Стојковиќ Босанц .
Поповиќ го интересираше зошто Даниел го избра Драган Стојковиќ.
- Мислам дека имам голем проблем со дикцијата, Македонец сум. Мислам дека најмногу тој би ми помогнал – ја објасни својата одлука Тренчовски.

- Ја поздравувам Франција, единствениот град во кој би живеел покрај Белград е Париз – рече Босанац и ги насмеа колегите и публиката во студиото, а потоа додаде дека го прифаќа кандидатот кој беше прифатен со ентузијазам.

Поповиќ тогаш изјави дека едвај чекаат да го видат овој неочекуван натпревар во вториот круг од натпреварувањето.


