СПИНОЗА: ДУШАТА НЕ СЕ ПОБЕДУВА СО ОРУЖЈЕ, ТУКУ СО ЉУБОВ И БЛАГОРОДНОСТ

Како всушност размислувал Спиноза може да откриете преку неговите исклучително вредни мисли и цитати:

Ако сакате иднината да биде поразлична од минатото, не заборавајте на минатото.

Не жалам за ништо. Тој што жали за тоа што го сторил е дупло понесреќен.

На луѓето најмногу им пречи доколку со нив владеат оние што им се рамноправни.

Не сакаме нешто затоа што е добро. Напротив, ние велиме дека нешто е добро затоа што го сакаме тоа.

Кога љубовта сака да зборува, разумот мора да молчи.



Мене не ме вознемирува смртта, туку умирањето.

Проблемот кај многу луѓе е тоа што сакаат да им бидат учителите на другите, а всушност уште долго треба да бидат ученици.

Освен Бог, не може да постои ниту може да се замисли ниту една супстанција.

Најважното достигнување што човечкото суштество може да го постигне е да научи да разбира, бидејќи да разбере значи да се биде слободен

Малкумина се оние кои умеат да ги поднесат сопствените маани кај другите луѓе.