СТИМУЛИРАЈТЕ ЈА КОСАТА СО ПИВО! РАБОТИ БЕСПРЕКОРНО

Пивото содржи квасец, хмељ, слад и силициум диоксид. Сите тие во комбинација носат важни минерали кои имаат способност да влијаат на скалпот и да навлезат во фоликулите на косата. Ова ја зајакнува косата и го стимулира нејзиниот раст. Постојат многу начини да се користи пиво. Еве некои од нив:

Плакнење
Пиво, вода и оцет се мешаат во еднакви количини.
Косата се мие со шампон и потоа се полева со смесата. Терапијата може да се применува еднаш неделно, заштитувајќи ги врвовите од пукање и правејќи ја косата посјајна. Пивото може да се меша и со шампон ако се плашите дека може да има непријатен преостанат мирис. Луѓето со руса коса треба да бидат внимателни со употребата на пиво, бидејќи темното пиво има својства на боење.

Ако сакате да ја хидрирате косата, или имате премногу сува коса – користете две цели јајца, маслиново масло и пиво. Изматете ја смесата во сад и употребете ја како маска да отстои 10-15 минути.Тоа ќе ја направи вашата коса мека и сјајна. Д

За опаѓање на косата
Пивото позитивно делува против опаѓање на косата, се препорачува турање на косата после капење најмалку два пати неделно. Ја зајакнува косата во длабочина поради содржината на калциум и фосфор и ја штити од кршење. Пред да прибегнете кон надворешен третман за губење на косата, прво консултирајте се со лекар за да ги дознаете можните внатрешни причини.