СТРЕЛЕЦ- ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА 2021 ГОДИНА

Астролозите предвидуваат дека 2021 година ќе биде мирна и просперитетна година за Стрелецот. Родените во овој хороскопски знак обично имаат бурен живот, но следната година работите ќе се променат и сè ќе биде многу полесно, но тоа не значи дека годината ќе биде здодевна. Најмногу возбуда во животот доаѓа од вашиот социјален живот, а доколку имате доволно среќа, и од патувања.

Љубов

Во изминатите неколку години, повеќето припадници на овој знак немаа среќа во љубовта, но 2021 година носи значителни подобрувања. Ќе бидете подготвени да влезете во врската и да запознаете сродна душа. Ќе флертувате на секој чекор и ќе запознаете многу интересни луѓе. До крајот на годината ќе запознаете и личност која целосно ќе ви одговара и со која ќе посакате нешто повеќе од авантура што поминува.

Кариера

Пред да започнете со што било, што се однесува до работата, добро размислете. И мала грешка може скапо да ве чини. Во текот на 2021 година, најдобро е да се потпрете на нечија помош и да ги слушате советите на луѓето од околината, бидејќи ќе ви бидат корисни.

Пари

Финансиската состојба ќе биде на завидно ниво, особено до крајот на февруари, кога ќе имате можност да заработите големи пари. Најдобро би било прво да ги вратите долговите или заемите што ги имате, а потоа да ги распределите што ви останува.



Ако планирате да инвестирате пари во проект, ѕвездите ќе бидат во ваша корист, но како што веќе рековме, треба да имате добро подготвен план.

Иако лесно ќе заработите пари, внимавајте како ги трошите и откажете се од купување работи што не ви се потребни.

Семејство

Астролозите предвидуваат дека ќе се случи неочекувана промена во вашиот семеен живот (веројатно на подобро). Без разлика дали оваа промена е подобра или полоша, тоа сигурно ќе ви даде добра лекција за во иднина.

Нептун ќе биде во знакот на Риби во текот на целата година и тоа носи мир и хармонија во семејниот живот. Поминете повеќе време со драги луѓе, а тоа позитивно ќе влијае на вашето расположение.

Здравје

За време на периодот кога Меркур ќе биде во ретроградна фаза, строго внимавајте на вашето здравје. Лошите навики на кои сте се препуштиле може да имаат последици по организмот. Грижете се за вашата исхрана и движете се повеќе.