Женскиот оргазам долго време е мистерија за поголемиот дел од машката популација. По едно истражување, научниците открија која е тајната на женскиот оргазам: мажите само треба да ја прашаат дамата до нив што навистина сака, па потоа да тргнат во акција.
„Треба само да ја прашате партнерката на која област треба да работите. Доколку е потребно, запишете белешки“, советува проф. Хенри Брубејкер од Истражувачкиот институт. Научникот додава дека откако ќе се направи список, можат да се разговара за начините на кои може да се исполнат очекувањата на партнерката.
„Креирајте и следете едноставни упатства. Тогаш ќе го постигнете саканиот ефект“, додава Брубакер.
„Не можам да верувам дека ни требаше толку време да го сфатиме тоа, но подобро доцна отколку никогаш“, се пошегува истражувачот.