ТАМАРА ЦВЕТКОСКА ПОВТОРНО ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ!

Денес во салата „Гемиџии“ се одржа меѓународниот турнир во борење слободен стил за пионери и кадети „Листон 2021“ на кој се одбележа 60 годишнината од постоењето на клубот Борец.

На овој меѓународен турнир младата прилепчанка Тамара Цветкоска од боречкиот клуб 7- ми Мај- Прилеп , во категорија до 53 килограми го освои златниот медал. Ова не е прв медал за младата шампионка од Прилеп, која има учествувано на многу домашни и меѓународни натпревари.

Тимот на Мисли и честита на Тамара и и посакува уште многу златни медали во иднина!