Таа ќе ви зборува за птици, соништа и желби. Ќе сака да ја разберете, да ја прашате како ѝ поминал денот и како и завршила последната книга што ја прочитала. Ќе плаче на филмови и секогаш претпочита приказни со малку љубов.
Таа живее за љубовта, а вие ќе мора да го разберете тоа и да ја сакате како што сакаат ликовите од нејзините омилени книги. А за возврат ќе ви подари бајка и ќе се чудите цел живот како сте живееле без неа.
Ќе ве натера да поминете низ илјадници емоции и ќе сфатите какво е нежното женско срце. Ќе научите како да сакате жена – вистинска, емотивна, полна со купишта соништа во срцето.
Ќе имате дом кој таа ќе го исполни со љубов и удобност. На ѕидовите ќе бидат закачени цитати за животот, фотографии од несредена коса и зајдисонца како во филмовите. Ќе видите што значи дом полн со љубов.
Жените со мечти е тешко да се засакаат затоа што се неостварливи, лесни како пердув, а нивната енергија ја исполнува цела просторија. Но, еден ден ќе разберете дека жените со соништа се оние кои вистински се сакаат.