Нашиот живот е изграден од настани. Добри, лоши. Соништа и желби кои сакаме да ги оствариме… Замислете си желба, реална секако. Погледнете ја сликата со дрвото и изберете едно од јаболката. Потоа проверете што се крие зад бројот што сте го избрале.
Дали вашата желба ќе се исполни или не, проверете сами.
- Дефинитивно сте самоуверена личност. Вашата желба сигурно ќе се оствари бидејќи правите се што можете за да го остварите овој сон.
- Вие сте енергична личност која е сигурна во себе. Вие сте убедени дека она што му се случува на човекот не е она што му е предодредено, туку дека ние самите сме креатори на нашите животи. Затоа секогаш давате се од себе за да ги постигнете своите цели и желби. Тешкотиите не се откажуваат од вас, но сепак не се сомневајте дека вашата желба ќе се оствари.
- Вашиот живот во голема мера е одреден од вашата околина. За жал, често одите со тој тек и не се обидувате да ја промените вашата судбина, иако сте во позиција да го направите тоа. Обидете се да бидете повеќе насочени кон целта, верувајте во себе и во своите способности и со сето ова заедно, можете да ја остварите вашата желба.
- Вие сте личност која не се потпира само на судбината, туку дава и многу од себе. Кога размислувате за нешто, правите се што можете за да ги постигнете вашите цели. Не се откажувајте сега затоа што сте на вистинскиот пат.
- Вашата природна импулсивност често ви пречи да го постигнете она што го сакате. Потрудете се со понежни постапки и зборови. Дишете длабоко, забавете и размислете добро. Желбата ќе ви се исполни ако се обидете да го балансирате вашиот внатрешен мир.
- Вие сте еден од среќниците во животот, но не го искористувате максимумот затоа што понекогаш сте мрзливи. За да ја остварите вашата желба, почнете да дејствувате повеќе кон нејзино исполнување. Не чекајте само на судбината!
- Ќе ви се исполни желбата, но потребно е време. Бидете стрпливи.
- Се чини дека сте постојано фокусирани на вашата желба. Заборавете на тоа некое време. Ослободете ги мислите, направете нешто добро за себе и сами ќе видите дека чудото ќе се случи.
- Наскоро ќе ви се исполни желбата. Големи се шансите дека потоа ќе се запрашате: „Дали ми требаше тоа?“.
- Бидете скромни во вашите желби. Можеби сакате премногу? Прашајте го универзумот за остварливи желби и тие ќе се остварат.
- Желбата сè уште не ви се исполнила само од една причина – не сте вложиле доволно труд за нејзино остварување.
- Вашата желба е речиси исполнета.