ТЕСТ: НАЧИНОТ НА КОЈ ШТО ГО ДРЖИТЕ ТЕЛЕФОНОТ ОТКРИВА МНОГУ ЗА ВАШИОТ КАРАКТЕР

Начинот на кој ракувате со мобилниот телефон може да открие многу за вашиот карактер, дури и особини за кои не се ни сомневате. Денеска ви подготвивме интересен тест, кој се базира на начинот на кој најчесто го држите телефонот. Погледнете ги опциите и прочитајте подолу што открива вашиот избор:

1. Го држите со едната рака


Оние кои обично го држат телефонот со едната рака и го користат палецот за да се движат низ сајтовите и апликациите се многу самоуверени луѓе. Не се плашат да ризикуваат, но тоа го прават со одредена мерка, што им помага да постигнат многу во професионалната сфера. Сепак, тие на својот љубовен живот му пристапуваат на сосема поинаков начин. Тие многу се двоумат и им треба време да проценат дали воопшто има смисла да започнат врска со конкретната личност. Поради оваа емоционална неодлучност, некои луѓе ги доживуваат како резервирани и ладни, но тие едноставно имаат високи стандарди и не се задоволуваат со помалку.

2. Го држите телефонот со едната рака, а го користите палецот од другата рака за да ракувате со екранот


Луѓето кои го држат телефонот на овој начин се многу мудри, интуитивни, разумни и претпазливи. Тие многу внимателно размислуваат за своите одлуки и се многу внимателни, што значи дека речиси никој не може да ги измами. Во љубовната сфера, сепак, не се толку мудри. Кога ќе ги почувствуваат пеперутките во стомакот, овие луѓе забораваат на секаква логика и го следат своето срце. Донесуваат избрзани и непромислени одлуки, понекогаш реагираат премногу бурно и не се склони кон компромиси, што често лошо влијае на нивната врска, но апсолутен факт е дека се исклучително страсни и посветени во љубовта.

3. Ги користите двете раце за да го држите телефонот


Луѓето кои го држат телефонот со двете раце мразат да чекаат. Тие брзо донесуваат одлуки и не се двоумат. Успешно се прилагодуваат на новата средина и лесно се дружат. Во љубовта сепак се малку воздржани бидејќи се плашат да не бидат повредени. Тие се затвораат и тешко е вистински да се запознаат, нивниот партнер мора да има многу трпение за да дојде до нивното срце.

4. Го држите телефонот со едната рака и го користите показалецот од другата за да ракувате со екранот


Луѓето кои го држат телефонот на овој начин се исклучително креативни и полни со одлични идеи. Сакаат да бидат сами и да создаваат. Обично постигнуваат голем успех бидејќи се многу вредни, посветени и талентирани. Во љубовта тие се прилично срамежливи и никогаш нема први да признаат дека некој им се допаѓа. Не ги пуштаат луѓето лесно во нивните срца, но имаат што да понудат доколку некој ја заслужи нивната доверба.