Дали сте се запрашале зошто сè уште сте сингл и покрај тоа што имате љубезна личност и прекрасен изглед? Не грижете се, вашиот маж од соништата е таму некаде, но мора да поминете низ неколку врски кои не се соодветни за да го најдете. Не мора да постои некој меѓу вас кој ќе ви се испречи на патот, бидејќи понекогаш се испоставува дека тоа сте вие. Со овој тест ќе откриете дали вие не сте пречката за среќна врска. Сè што треба да направите е да ја погледнете сликата и да ни кажете што е првото нешто што го гледате. Потоа прочитајте надолу за да дознаете што точно значи тоа. Колку и да не верувате, за само неколку секунди ќе најдете одговор на прашањето зошто сте сè уште сингл. Еве ја сликата:

Месечина
Ако првото нешто што сте го виделе е Месечината, тогаш се уште сте сами бидејќи не им се откривате лесно на луѓето. Сте изградиле ѕидови околу себе и тешко ви е да ги срушите. Сакате интимност затоа што мислите дека тоа ќе ве направи подобра личност, но кога станува збор да мора да ги симнете бариерите околу вас, се откажувате. Ако не го надминете стравот и не излезете од зоната на удобност, нема да го добиете она што отсекогаш сте го посакувале.
Кит
Ако сте виделе кит, тогаш сте сами, бидејќи за вас вие сте најважни. Не, не сте себични, но имате големи планови за себе. Знаете дека во врската ќе мора да ставите некој друг пред вашите потреби.
Сурфер
Ако прво сте виделе сурфер, вие сте сами затоа што се плашите да се обврзете. За вас љубовта не е слобода, туку страв, бидејќи знаете дека ќе треба да направите многу компромиси. Кога ќе почувствувате дека се заљубувате, првото нешто што го правите е да побегнете. Обидете се да останете и можеби ќе ја најдете најголемата авантура.


