На почетокот на секоја врска, сексот зазема централно место. Со текот на времето, страста, емоциите и силната физичка привлечност може да се намалат, што е сосема нормален процес. И иако тоа е нормално, сексот сепак треба да постои и да ве поврзува, дури и ако тој не зазема централно место.
Причините за недостаток на секс во бракот може да бидат многу. Еве 10 од нив.
- Имате проблем да зборувате за секс.
Зборувањето за секс е знак на сила во врските, искреност, отвореност. Ако имате потешкотии да зборувате за секс, односно да си кажувате што ви треба, тоа може да го попречи самото физичко искуство. Тоа дури може да доведе до негово отсуство.
- Под голем стрес сте.
Стресот може да влијае на сите нивоа на животот, вклучувајќи го и сексот. Вашето либидо, како и на партнерот, може да падне до тој степен што ќе мора да се откажете од секс на одредено време. Тоа не значи дека сте престанале да се сакате. Важно е да се разјаснат причините за недостатокот на секс. Ако стресот е во коренот, обидете се да го намалите.
- Различни нивоа на либидо.
Сексот во брак може да страда ако имате различен степен на либидо. Ова со текот на времето носи напнатост и неподготвеност за секс. Не е само сексуалната желба која игра улога, туку дали имате секс во исто време. Ако сексуалната желба на едниот партнер доаѓа наутро, а другиот навечер, тоа може да предизвика и физичко повлекување.
- Емоционални проблеми.
Менталната состојба влијае на физичките желби и мотивацијата. Ако се борите со психолошки или емоционални проблеми, нормално е тие да имаат влијание врз вашата желба за секс.
- Се чувствувате вознемирени во кревет.
Ниската самодоверба во сексот, срамот на телото или голотијата, вознемиреноста за сексуалните перформанси се само некои од причините зошто сексот недостасува во бракот. Иако некои од овие причини се карактеристични за почетокот на врската и последователно стивнуваат, тие можат да бидат причина за недостаток на секс во бракот.
- Страв од пробување нови работи.
Со текот на времето, сексот во бракот може да стане досаден и монотон. Многу добро се познавате, го знаете секој агол од телото, точно знаете кога и како да го вклучите. Доколку не пробувате нови работи, сето тоа може да предизвика губење на интересот и сексуалната желба.
- Имате сериозни проблеми во врската.
Една од најочигледните и најсериозните причини за недостаток на секс во бракот се нерешените прашања. Колку се посериозни, толку е потешко да се има секс размислувајќи за нив. Ако не работите на нивно решавање, емоционалното и физичкото дистанцирање се продлабочуваат.
- Нереални очекувања од сексот.
Многу брачни проблеми поврзани со сексот доаѓаат од нереални очекувања. Ако мислите дека се ќе биде како на почетокот, страста никогаш нема да згасне и секогаш ќе имате високо либидо, се лажете. Причините за желбата за секс да се намалува со текот на времето се многу, а не сите се поврзани со недостатокот на наклонетост меѓу вас. Не избрзувајте со заклучоци.
- Премногу се критикувате еден со друг.
Критиката е корисна кога е конструктивна. Кога не е, и кога е прекумерно, тоа доведува до проблеми во врската, емоционално дистанцирање, а сето тоа се одразува на сексот.
- Досадно ви е еден на друг.
Разновидноста секогаш го одржува запален пламенот во врската. Ако сте се пуштиле и не се грижите за вашата врска, ќе ви здодее еден на друг, што лошо ќе се одрази на вашиот сексуален нагон.