ТОП 3 ПОДАРОЦИ ЗА СВ. ВАЛЕНТИН

Во последните години Св. Валентин кај нас се етаблира како еден од најпопуларните празници позајмени од западната култура. На 14 февруари оваа година, илјадници парови ќе ја прослават својата врска така што ќе си подарат подароци како симбол на взаемна љубов и разбирање. Сепак, дали можеме да дадеме нешто од кое врската добива повеќе нови искуства и здравје? Еве ги нашите предлози:

  1. Фитнес картичка

Спортот е здравје, а кога споделуваме фитнес активности со партнерот, искуството е уште повозбудливо и поинтересно. Така градиме подобра врска и односи, си помагаме да постигнеме напредок и меѓусебно се мотивираме. Купете картичка за членство во некој фитнес клуб или некоја спортска активност!

  1. Масажа

Овој тип на процедура има докажани придобивки и од здравствена и од психолошка перспектива. Масажите можат да бидат егзотични, антицелулитни, традиционални, спортски и многу други – изборот е целосно ваш.

  1. Спа викенд

Сабота и недела се денови кога паровите имаат шанса да поминат најмногу време заедно. Зошто да останете во градот кога можете да посетите ново место и да уживате во спа релаксација, луксузно сместување и интернационална кујна?

Љубовта е за двајца, споделете ја на најдобар начин!