Еден од предусловите за квалитетна врска со партнерот. Ова значи дека можете да споделите среќа и тага, грижи, успеси, стравови, најинтимни чувства со него …
Дејвид Акива, советник и едукатор за брак, ги набројува трите најчести причини зошто паровите се разведуваат:
- Мојот брачен другар повеќе личи на мојот најдобар пријател отколку на љубовник
Акива вели дека ова е важен знак дека можеби сеуште сте длабоко вљубени еден во друг. Паровите кои се заедно долго време често го споменуваат ова како тајна на среќна врска. Не е се изгубено ако хемијата исчезна за момент, може да се врати.
Повеќето парови мислат дека вљубувањето мора да биде страсно и опојно како на почетокот на врската. Но, тоа е само романтична фаза. По првите неколку месеци до една година, сосема е нормално оваа фаза да исчезне и да започне фазата “мојот најдобар пријател”.
- Мала или никаква интимност
Ако сакате да го вратите сексот во брак, мора да ја вратите љубовта, вели Акива. Тоа е толку едноставно. Ова го прават најдобрите пријатели во здрав брак. Најновите истражувања покажуваат дека емоционалната интимност е клучот за сексуалното исполнување на жените. Истражувачите кои стојат зад студијата открија дека „љубовта го прави сексот физички попријатен“ за жените, така што оние кои ги сакаат своите партнери, велат дека се чувствуваат помалку ограничени и повеќе подготвени да ја истражат својата сексуалност.
- Нема повеќе вистинска комуникација
Кога ќе научите правилно да ги изразувате и прифаќате емоционалните потреби еден на друг – кавгите и другите негативни однесувања во врските ќе исчезнат.