ТРИК СО КОЈ ЌЕ ГО ПРЕПОЛОВИТЕ БРОЈОТ НА КАЛОРИИ НА ОБИЧНИОТ БЕЛ ЛЕБ

Ако сте навикнати да јадете леб со секој оброк, а од друга страна сте загрижени за вишокот калории што ги внесувате, експертите споделија трик што ќе ги претвори едноставните јаглехидрати во лебот во поздрави, а притоа и ќе ги преполови.

Откако ќе купите или печете домашен леб – ставете го во замрзнувач. Зошто? Бидејќи како готвење и ладење, замрзнувањето го претвора скробот во отпорен скроб. Звучи неверојатно, но тоа значи дека вашето тело ќе добива многу помалку калории од лебот. Всушност, отпорниот скроб ги храни вашите цревни бактерии наместо да ве дебелее.