ТРИКИ НА ШМИНКА ЗА ЖЕНИ НАД 50 ГОДИНИ

Нанесете повеќе контура на јаготките
Експертите препорачуваат контура повисоко на јаготките, а не на вдлабнатините на образите. „Бидејќи контурата ќе ја обезбеди таа природна сенка на нашето лице, ако ја ставиме премногу ниско, изгледаме уште постаро“, наведуваат тие. Како што старееме, го губиме колагенот во нашата кожа. Со помош на овој тип на шминка ги креваме образите, за да изгледаат позатегнати.
Престанете да користите коректор под очите
Постои уште една вообичаена грешка која жените над 50 години ја прават кога се шминкаат, а тоа е коректорот. „Проблемот со ова е што мислиме дека ги прикриваме темните кругови, но всушност само ги истакнуваме брчките.
Експертите предлагаат лесно да го нанесете коректорот во нагорна дијагонална линија, почнувајќи од надворешниот раб на окото и работејќи кон линијата на косата. Ова ќе ги осветли и подигне очите, пишува веб-страницата Best life.