ТРИТЕ НАМИРНИЦИ КОИ ГО ПОДОБРУВААТ ИЗГЛЕДОТ И ЗДРАВЈЕТО НА ЖЕНАТА

Храната е главната компонента за здравјето на женското тело. Излегува дека постојат намирници кои не само што го прават тенкиот струк, туку и добро ја навлажнуваат кожата, го намалуваат ризикот од рак и Алцхајмерова болест. Ова се трите намирници што треба да се обидете да ги консумирате секојдневно.

ЦВЕКЛО
Овој зеленчук е богат со витамини и минерали, особено е добар за видот. Се препорачува да се јаде парче варенo цвекло секој ден за да се избегнат проблеми со очите. Цвеклото е природен антиоксиданс кој помага да се спречат одредени карциноми, Алцхајмерова болест и многу срцеви заболувања.

ДОБРЕЈКА
Според истражувањата добрејката го намалува ризикот од канцерогени болести воопшто. Добар извор на витамини Б1, Б6, Ц и Е, железо, калциум, магнезиум. Има ефект на подмладување. Може да се користи сирова и како зачин.

ЈОГУРТ
Јогуртот го „снабдува“ организмот со потребното количество корисни бактерии; протеини, калциум, калиум, витамин Б12 и други клучни состојки. Го стимулира имунолошкиот систем и помага да се задржи фигурата во добра форма.