Утре е Митровден: Ако врне дожд, еве каква зима не очекува

Утре, на 8-ми ноември, православната црква и нејзините верници го прославуваат празникот посветен на Светиот великомаченик Димитрија, во народот познат како Митровден.

Митровден е еден од празниците за кои се врзуваат многу од обичаите. Еден од нив е „претскажувањето“ на времето- ако утре има дожд и мраз, се очекува долга и ладна зима со многу снег!

Постои верување дека на овој празник, како и на Божиќ, треба да бидете дома, освен ако не сте повикани на слава.

Митровден е празник кој секоја година е на ист датум, односно 8-ми ноември по нов и 26-ти октомври по стар каленадр и е обечежан во црковниот календар со црвени букви.

Култот на св. Димитрија се негува на целиот Балкански полуостров, вклучувајќи ја и нашата земја каде голем број цркви се посветени токму на овој светец. Св. Димитрија бил прогласен за светец-заштитник на селото Зрновци.

Свети Димитриј е роден во Солун во третиот век од нашата ера, за време на владеењето на царот Максимилијан. Тој ја игнорирал наредбата на царот да ги прогонува христијаните и јавно го проповедал христијанството.

Кога царот слушнал дека солунскиот командант е христијанин, наредил да го фрлат во затвор, каде што бил мачен и погубен. Солунските христијани тајно го погребале. На местото на неговиот гроб подоцна била изградена црква, а Димитрија бил прогласен за заштитник на градот Солун.

Според легендата, од гробот на Димитрије бликал босилек и смирна, па затоа бил наречен Мироточиви.