Вагите се познати по нивната склоност кон рамнотежа и хармонија во животот, како и по нивниот префинет вкус за уметност и естетика. Денеска ви ги претставуваме најважните особини на нивниот карактер.
Дипломатија
Вагите се многу дипломатски и вешти во решавање на конфликти. Тие се способни да согледаат различни страни на ситуацијата, барајќи го најдоброто решение за сите вклучени.
Друштвеност
Луѓето од овој знак обично се многу друштвени и сакаат да бидат во друштво. Вагите се омилени на сите поради нивната шармантна личност и добрина.
Естетика
Естетиката и убавината се исклучително важни за Вагите. Имаат голем афинитет кон уметноста, модата и дизајнот, сакаат да се опкружуваат со убави нешта.
Романса
Родените во знакот Вага се многу романтични и склони кон брзо заљубување. Ги ценат гестовите на љубов и внимание од своите најблиски.
Несигурност
Вагите знаат да бидат многу неодлучни, особено кога се соочени со поголеми дилеми. Тие, исто така, имаат тенденција да ги преиспитуваат своите избори години откако ќе ги направат. Понекогаш Вагите можат да бидат премногу опседнати со наоѓање на совршено решение, што може да доведе до голема нервна напнатост кај нив.
Компромис
Луѓето родени во знакот Вага се познати по нивната способност да најдат компромиси и да решаваат конфликти, но понекогаш знаат да бидат премногу попустливи и да ги занемарат сопствените потреби.
Емпатијата
Вагите покажуваат голема емпатија кон другите. Тие се способни да ги разберат туѓите чувства и гледишта. Емпатијата ги прави одлични пријатели и советници затоа што имаат тенденција да ги слушаат и разбираат другите.