ВАЖНИ ПРИДОБИВКИ ОД ЗЕЛКАТА

Покрај нејзината импресивна содржина на хранливи материи, зелката често се занемарува. Доаѓа во различни форми и бои, вклучувајќи ги и црвените, виолетовите, белите и зелените, а листовите можат да бидат икривени или мазни.

Овој зеленчук се одгледува низ целиот свет илјадници години и може да се најде во различни јадења, вклучувајќи кисела зелка, сарма, подварок, салата. Покрај тоа, зелката буквално е натоварена со витамини и минерали. Оваа статија открива 9 изненадувачки здравствени придобивки од зелката, сите научно поддржани.

Зелката е богата со хранливи материи
Иако зелката е многу ниска во калории, таа има импресивен профил на хранливи материи. Всушност, само 89 грама свежа зелка содржи:
Калории: 22 грама
Протеини: 1 грам
Влакна: 2 грама
Витамин К: 85% од RDI
Витамин Ц: 54% од RDI
Манган: 7% од RDI
Витамин Б6: 6% од RDI
Калциум: 4% од RDI
Калиум: 4% од RDI
Магнезиум: 3% од RDI

Зелката, исто така, содржи мали количини на други микронутриенти, вклучувајќи витамин А, железо и рибофлавин. Како што можете да видите на списокот погоре, таа е богата со витамин Б6 и фолна киселина, кои се од суштинско значење за многу важни процеси во телото, вклучувајќи го и енергетскиот метаболизам и нормалното функционирање на нервниот систем.
Зелката е особено висока во витамин Ц, моќен антиоксиданс кој може да заштити од срцеви заболувања, одредени видови на рак и губење на видот.

  1. Помага при проблеми со варење
  2. Заштитник на срцето
  3. Го намалува крвниот притисок