ВЕГЕТАРИЈАНСКА ИСХРАНА НАМЕСТО ЛЕКОВИ ЗА ДИЈАБЕТЕС

Милиони луѓе погодени од дијабетес треба да почнат со вегетаријанска исхрана за да го сменат развојот на нивната болест, според студијата цитирана од Daily Express.

Здравата исхрана базирана на зеленчук го подобрува нивото на шеќер во крвта и потенцијално може дури и да ги излечи пациентите од болеста.

Резултатите од претходните студии покажаа дека вегетаријанската исхрана има значително корисен ефект во третманот на дијабетес тип 2 и ја подобрува чувствителноста на инсулин.

„Ниту еден лек не дава такво олеснување за дијабетичарите“, вели водачот на студијата д-р Нил Барнард од Медицинскиот институт Џорџ Вашингтон во САД . Намалување на шеќерот во крвта, пониска телесна тежина, крвен притисок и намалување на нивоата на холестерол, резултатите покажуваат дека тоа е можно не со со помош на нова магична таблета, но преку промени во исхраната“.

Истражувачите од САД и Јапонија, предводени од д-р Барнард, откриле дека исхраната базирана на зеленчук значително ја подобрува контролата на дијабетесот.

„Вегетаријанската исхрана, вклучително и веганската исхрана, има корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем, крвниот притисок, телесната тежина и липидите во крвта“, објаснуваат истражувачите.

Нискокалорична вегетаријанска исхрана богата со влакна ја намалува брзината со која гликозата се апсорбира во крвотокот.