Во Missuri Humane Society, програмата за читање Shelter Buddies ги спојува децата на возраст од 6 до 15 години со „страшни кучиња“ за децата да го надминат стравот кој го имаат кон нив и во исто време да ги подготват кучињата за во нивниот нов дом. По завршувањето на 10-часовната програма за тренирање, децата застануваат пред кафезот и на избраното куче му читаат книга.
„Сакаме да им помогнеме на срамежливите и плашливи кучиња, но и дечиња без да ги принудуваме со физичка интеракција да го видат позитивниот ефект што оваа активност може да го има врз нив“, објаснува програмскиот директор Џо Клепачки. Идеално, срамежливо и исплашено куче ќе возврати и ќе покаже интерес. Ако тоа се случи, децата го охрабруваат нивното однесување со тоа што им фрлаат благо. Децата им читаат на кучињата за засолниште не само за да им прават друштво, туку и за да им ги зголемат шансите за посвојување. Читањето на кучињата им помага на децата да се смират и да не се плашат од бездомните животни. Кога децата им раскажуваат приказни на кучињата, тие развиваат и свои вештини за читање.
„Слушањето на децата како читаат навистина може да ги смири овие животни. Она што го гледаме со овие кучиња е неверојатно“, објаснува Клепачки.