(ВИДЕО) Патувајте од домот- шармантната Норвешка

Кралството Норвешка се наоѓа во Северна Европа и го зафаќа западниот дел на Скандинвскиот полуостров. Името на старо норвешки јазик значи „долго покрај крајбрежјето“.
Неверојатната природа на Норвешка со своите густи шуми, кристално чисти езера и познати фјордови привлекуваат туристи од целиот свет. Норвешка е вистински рај за риболовците и љубителите на рибни јадења. Интересни дестинации се Берген, Балестранд, од каде можете да уживате во убавината на фјордовите и островите Свалбард и Хамерфест.

Норвешка е земја со навистина неверојатни погледи. Од природни чуда до извонредни градови – тука приказната е извонредна, а луѓето – навистина среќни и живеат во бајка
направена од природата. Таму нема да го видите и почувствувате сонцето како што сте се навикнале. Но, иако „сурова“ поради времето и климата, Норвешка има што да понуди.

Погледнете го видеото од оваа прекрасна земја: