(ВИДЕО) ЖИВЕЕЊЕ БЕЗ СТРЕС: ЈАПОНСКА ВЕЖБА СО ПРСТИ КОЈА ЌЕ ЈА НАМАЛИ НАПНАТОСТА

Џин Шин Џицу е древна јапонска практика која помага да се надмине насобраниот стрес. Се практикува со милениуми, а денес се изведува дури и во јапонските училишта и универзитети. Денеска ќе ви претставиме една многу едноставна вежба за прстите која ќе ви помогне да го смирите умот и да го намалите насобраниот стрес.

Всушност, секој прст на раката претставува различна емоција. Палец – грижи, вознемиреност, показалец- страв среден прст – гнев, насобран гнев, Домал прст – тага, Мал прст – увереност, самодоверба.

Сè што се бара од вас е да го држите секој прст, еден по еден, околу 1-2 минути. Повторете ја вежбата со другата рака. Ако сакате веднаш да ја намалите анксиозноста, притиснете го палецот од едната рака во дланката на другата, ставајќи го палецот точно во центарот на дланката. Погледнете ја вежбата и во ова видео.