Слоновите се одлични пливачи и поради тоа често сметаат дека нашиот стил на пливање е… прилично патетичен. Не можеме да се измериме со нив, па кога ќе видат човек како плива, понекогаш се збунуваат и мислат дека се дави! Поради нивната добродушна природа, слоновите често се обидуваат да помогнат. Таков е случајот со ова мало слонче. Паркот на природата на слоновите е проект во северен Тајланд кој се обидува да ги заштити животните и да им обезбеди безбедна средина за живеење. Еден од волонтерите во паркот, Дарик, решил да плива во близина на стадо слонови. Тогаш малиот слон Кам Ла одлучил помислил дека се дави и не можел да остане рамнодушен. Слончето влегува во водата со идеја да го спаси беспомошниот, малиот човек! На Дарик не му требало спасување, но чинот на Кам Ла е толку симпатичен и трогателен што сакаме да го споделиме со вас: