ВИКТОРИЈА ИМА 46 ГОДИНИ И ИЗГЛЕДА КАКО ДА ИМА 20 ГОДИНИ: ОВА Е ТАЈНАТА НА НЕЈЗИНИОТ ФЕНОМЕНАЛЕН ИЗГЛЕД!

Поранешната Плејбој зајачица Викторија Силвстед, која денес има 46 години, беше фотографирана на плажа во Мајами и покажа неверојатна фигура. Иако таа веќе влезе во 5-та деценија од својот живот, многу помлади девојки и завидуваат на нејзиниот изглед.

Таа не крие дека неколку пати одела на пластичен хирург, како и дека редовно оди на разни третмани со цел да го зачува својот младешки изглед. Сепак, што се однесува до бројката, таа посочува дека самата е одговорна за резултатите.

“Гледам што јадам и колку јадам. Таму нема наука, ако јадете помалку, ќе изгледате одлично, а ако не се грижите за вашата исхрана, немојте да бидете изненадени ако имате прекумерна тежина”.
Таа признава дека одржувањето на телесната тежина, особено на нејзината возраст, не е лесно.

Покрај тоа што се грижи за исхраната, таа редовно посетува и теретана. За да ја имате оваа линија, треба да вежбате најмалку 3 пати неделно.