ВИСТИНСКИТЕ МАЖИ НИКОГАШ НЕ ИМ ГИ ПРАВАТ ОВИЕ РАБОТИ НА СВОИТЕ ПАРТНЕРКИ

1. Ве прави несигурни

Нормално е луѓето кои се во врска повремено да се чувствуваат несигурни, или поради лични причини или поради некои нерешени конфликти. Но, тоа чувство во никој случај не треба да биде непрестајно. Со маж кој има добри намери, никогаш не треба да се чувствувате помалку вредни, напротив, тој треба да ве охрабрува и да прави се за да се чувствувате подобро со него (исто како и вие со него).

2. Ве ограничува

Во интеракцијата на две динамични индивидуи, има добри шанси некои од нивните идеали да не се поклопат. Но, тоа не значи дека секоја личност во врска треба да се жртвува и да се откаже од своите соништа за да може другата личност да ги оствари.

Вистинскиот маж не треба да ве кочи и да ве ограничува во остварувањето на вашите цели. Партнерот кој ве цени ќе ви овозможи да напредувате и на личен и на професионален план и ќе ви помогне ако можете, дури и со зборови на поддршка.

Ако вашиот партнер бара да се откажете од она кон што се стремите и од што сакате, тој не ве заслужува. Неговите себични потреби не треба да бидат на прво место, а компромисите во врската треба да бидат обострани.

3. Ја нарушува вашата приватност

Треба да има некои јасни граници во секоја здрава врска. Колку и да сте поврзани со партнерот, важно е да можете да задржите некои работи за себе.



Ако вашиот партнер постојано се обидува да го наруши вашиот личен простор, на пример со читање пораки на телефонот или лаптопот, тоа е знак дека не ви верува, што главно се должи на некои негови лични несигурности.

Добриот маж ќе ви верува и ќе ја почитува вашата приватност.

4. Ве злоставува

Злоупотребата во која било форма – физичка, емоционална, сексуална или вербална – е неприфатлива. Ниту еден човек не заслужува таков третман од никого. Вистинскиот маж никогаш нема да направи ништо намерно на својата партнерка (или на кој било друг), дури и во кризни ситуации. Нема оправдување за злоупотреба во каква било форма.

5. Ве изневерува

Има многу можности за изневерување, но вистинските мажи нема да се впуштаат во авантури со други жени и да смислуваат секакви изговори за нивното неверство. Доколку ве сака, ќе одолее на сите предизвици и ќе остане верен на ветувањата кои ги дал кога се согласил да биде со вас во моногамна врска или брак.

6. Ве омаловажува

Ако вашиот партнер постојано ве омаловажува и прави да се чувствувате неспособни, безвредни или непожелни, тој не ја заслужува вашата љубов. Со вистинскиот маж треба да се чувствувате посебно и самоуверено, а истиот третман треба да му го пружите