ВКУСЕН НАЧИН ЗА ИСФРЛАЊЕ НА СТРЕСОТ

Редовното консумирање какао е добро за срцето: својствата на пијалокот помагаат во заштитата на организмот за време на стресни ситуации. До овој заклучок дошле научниците од Универзитетот во Бирмингем, чија студија е објавена во списанието „Нутриенти“.

Експертите откриле дека флавоноидите содржани во зрната какао – група на природни хетероциклични соединенија што содржат кислород, добиени од бензо-гама-пирон – имаат позитивно влијание врз работата на крвните садови за време на менталниот стрес.

„Конзумирање на флавоноиди богати со какао може да биде ефикасен начин да се намали привремената ендотелијална дисфункција по стресот и да се подобри протокот на крв за време на стресни епизоди“, се вели во студијата.

Научниците препорачуваат вклучување на какао во дневното мени, потсетувајќи дека флавоноиди има и во друга храна: зелен чај, малини, цреши, капини и грозје.