WHATSAPP ВМЕТНУВА БИОМЕТРИКА ЗА ДА ГО ПОТВРДИ ИДЕНТИТЕТОТ НА КОРИСНИКОТ

Од апликацијата за пораки WhatsApp минатата недела изјавија дека ќе биде додадена биометриска карактеристика на мобилните и работните верзии, така што корисниците ќе можат да го потврдат својот идентитет, и никој нема да може да се поврзе со нивната сметка без дозвола.

Биометрискиот запис ќе дејствува како споредно средство за идентификација и ќе вклучува или отпечаток од прст, идентификатор на лице или идентификација на ирисот, во зависност од уредот на корисникот.

Месинџерот во сопственост на Фејсбук го одложи воведувањето на новите алатки за приватност претходно овој месец, откако корисниците дознаа дека компанијата има намера да складира деловни податоци на серверите на Фејсбук.

WhatsApp, популарниот месинџер со повеќе од две милијарди корисници, одлучи во средината на јануари да го одложи спроведувањето на новите алатки за приватност за три месеци. Новите корисници ќе треба да се согласат на новите услови до 15 мај, во спротивно апликацијата ќе престане да работи за нив.

Претходно, месинџерот од Фејсбук, планираше да ги воведе новите правила веднаш на 8 февруари, но беше принуден да ги одложи поради големата бучава од сегашните корисници.