Плодот брусница е тврда, црвена бобинка со ниско калорична вредност, богата со витамини, посебно со витамин Ц, минерали, полифеноли, органски киселини, шеќери.
Брусницата намалува нивото на шеќерот во крвта и доведува до зголемување на содржината на добар холестерол. Она по што брусницата се најмногу цени е незиното благотворно делување на различни воспаленија и инфекции на уринарниот тракт.
Кондензирани танини во брусницата го спречуваат влегувањето на бактеријата во уринарниот тракт, бешика и бубрезите, а сокот од брусница го спречува развојот на штетните микроорганизми. Се јавува кај мажите и кај жените, но жените десет пати почесто заболуваат од мажите. Уринарната инфекција најчесто е предизвикана од бактериите кои се нормално присутни во дебелото црево кои, доколку ќе се најдат во мочниот систем можат да се задржат на ѕидовите на уринарниот тракт, брзо и лесно се размножуваат и предизвикуваат инфекција.
Затоа за добро здравје на уринарниот тракт, јадете брусница!