Доколку сакате да го зајакнете вашиот имунитет, но и да ја подобрите вашата крвна слика, тогаш овој напиток е одлично решение за вас. Лесно се прави, а ќе го закрепне вашето тело и ќе ви ја врати потребната енергија.
Состојки:
- варено цвекло;
- зелено јаболко;
- морков;
- лимон;
- ѓумбир
Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер или пак соковник, па добро мешајте додека напитокот не стане едноличен и спремен за консумирање.
Со една чаша од овој напиток во вашето тело ќе внесете: витамин А, витамин Ц, Витамин Б6 и Б9, како и други здрави состојки кои што го зајакнуваат имунитетот.


