ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД СЛАБЕЕЊЕТО

Додека повеќе луѓе сакаат да ослабат затоа што не им се допаѓа како изгледаат, всушност, придобивките од губењето килограми се многу подалеку од убава фигура.

Намалување на стресот

Луѓето кои јадат здрава храна и редовно вежбаат ги чувствуваат ефектите од намален стрес. Конзумирањето на тешка и штетна храна и немањето какво било движење не прави дебели и неподвижни. И соодветно, ова доведува до недостаток на енергија и повеќе акумулиран стрес.

Подобрен сон

Ако сте со прекумерна тежина, имате поголем ризик од пореметување на сонот бидејќи вашето тело не е уморно и вашиот мозок не може да се исклучи така лесно. Ако имате такви проблеми, размислете за здрава исхрана и малку вежбање. Само внимавајте да не вежбате кратко пред спиење.

Го намалува ризикот од дијабетес

Ова е повторно придобивка која нема никаква врска со изгледот. Со здрава исхрана и вежбање, ризикот од дијабетес значително се намалува.

Намален холестерол

Со редовно вежбање, нивото на лошиот холестерол се регулира на нормални вредности. Доколку имате проблем со нивото на холестерол, можеби е време да започнете диета и активно спортување!

Го намалува ризикот од рак

Сите видови на рак не можат да се спречат на овој начин, но има и такви на кои влијае здравата исхрана и редовното вежбање. Секако, здравиот начин на живот ги намалува шансите за оваа подмолна болест.