ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРИДОБИВКИ ОД КРУШИТЕ

Крушите се познати по своите здравствени придобивки уште од античко време. Тие се ниски во масти и калории, а исто така се богати со витамини, минерали и растителни влакна. Овие нивни квалитети им даваат статус на еден вид супер храна, од која дефинитивно е добро да не се лишувате.

Погледнете кои се здравствените придобивки од јадењето круши:

Влакната содржани во крушите го намалуваат високото ниво на холестерол, што е исклучително добра вест за луѓето со ризик од атеросклероза, дијабетес и кардиоваскуларни болести. Влакната, исто така, се врзуваат за хемикалиите кои предизвикуваат рак во дебелото црево, заштитувајќи ги неговите клетки од оштетување. Можеби ова е причината зошто диетите поврзани со храна богата со растителни влакна се поврзани со помал ризик од рак.

Се покажа дека плодовите богати со влакна ги штитат жените во постменопауза од рак на дојка. Такви плодови се јаболката, сливите и крушите.

И покрај својата сладост, крушата може да се користи во превентивни режими против дијабетес тип 2, главно поради содржината на три групи флавоноиди, кои имаат својство да ја подобрат чувствителноста на клетките на инсулин.

Познато е и дека можат да ги потиснат воспалителните процеси во организмот, благодарение на антиоксидансите кои ги содржат.

Крушите се овошје кое не предизвикува алергиски реакции. Првото овошје кое им се дава на бебињата е често круша. Не само поради вкусниот сок, туку затоа што најверојатно нема да предизвика алергиска реакција.

Истражувањата покажуваат дека витамините А, Ц и Е се исклучително важни за добрата функција на очите. Додадени во млеко или житарки за појадок, тие имаат корисен ефект врз нашето здравје.