Овен – Можеби однадвор изгледаат кревко и слабо, но првиот впечаток е измамен. Овенот високо ја цени независноста и е подготвен до последен да се бори за личните идеали. Се додека не сте во конфликт со нив, тие ќе се однесуваат смирено, без да се фокусираат на ситници. Меѓутоа, ако ги преминете границите на дозволеното , Овните се подготвени да возвратат, и речиси во секоја борба излегуваат како победници.
Бик – Овие жени се секогаш отворени и добронамерни кон другите. Не можете ни да замислите колкава моќ има во нив. Доколку го нарушите личниот простор на Бикот, пред себе ќе видите сосема друга личност – подготвена да се бори за себе и за своите. Биковите не се плашат од промени , тие се стремат да го постигнат она за што сонуваат во животот, дури и ако се соочуваат со многу препреки.
Јарец – Ретко ќе забележите излив на неконтролирани емоции кај нив, често делуваат рамнодушно. На овој начин, Јарците се штитат од луѓе кои сакаат да ја поткопаат нивната самодоверба . Таа е подготвена да направи се што е во нејзина моќ за партнерот, но тој мора да ги задоволи нејзините потреби. Сака да биде зафатена со работа и многу сериозно го сфаќа животот. Таа знае како да се грижи за себе и да биде независна .