Во месец октомври повторно нè очекуваат интересни астролошки настани.
Некои од нив се транзитот на Меркур во знакот на Скорпија на 6-ти и полната месечина во Овен истиот ден. Тие носат прилив на марсовска енергија, која ќе го разбуди нашиот внатрешен воин.
Љубовта и романтиката ќе бидат моќни теми во првата половина на месецот, бидејќи сезоната на Вага продолжува да се засилува со влегувањето на Венера во овој знак на 13-ти и младата месечина на 21-ви. Кон крајот на месецот расположението станува многу полесно со влегувањето на Меркур во слободољубивиот знак Стрелец на 29-ти. Новите авантури и доживувања ќе бидат повозбудливи.
Според западни астролози, 3 хороскопски знаци ќе уживаат во позитивни промени по крајот на октомври, кои планетите ќе им ги донесат.
1. Девица
Животот на Девицата станува многу подобар по октомври 2025 година. Додека сезоната на Девицата, која помина, претставуваше предизвици со енергијата на затемнувањето, октомври носи промена во начинот на размислување. Подгответе се да бидете и да се чувствувате подостапни и поопштествени, дури и со Сатурн во вашиот дом на партнерството. Меркур во Скорпија на 6 октомври ве осветлува. Расположението ќе ви се подобри, како и соработките со другите, откако Јупитер ќе ја аспектира планетата на комуникацијата – Меркур.
Венера преминува во хороскопскиот знак Вага на 13 октомври, што го прави овој транзит романтичен за оние кои се во врска. Очекувајте да се поврзете со партнерот на подлабоко и посмислено ниво. За необврзаните Девици, ова е одлична можност за нови средби или запознавање со нови пријатели. Младата месечина во Вага на 21-ви исто така ве охрабрува да се вљубите во оваа нова ера. Ослободете се од стегите што сè уште може да ги има ефектот на затемнувањето и бидете отворени да уживате во сегашните моменти.
Создајте спомени кои носат радост, кога Сонцето ќе влезе во Скорпија на 22-ри. Покажувајте многу повеќе благодарност кога Меркур ќе влезе во Стрелец почнувајќи од 29-ти, што ја прави оваа комбинација совршена за додавање на повеќе љубов во вашиот живот преку поддршката што ја добивате од семејството и пријателите.
2. Риби
Драги Риби, новиот месец октомври ќе им даде можност на другите да сфатат дека вие сте главниот лик овој месец. Меркур во Скорпија на 6-ти ви помага поефикасно да комуницирате. Од друга страна, полната месечина во Овен може да отвори нови можности пред вас. Вие излегувате од „школката“ и им дозволувате на другите да ја видат вашата аура и шарм во сезоната на Вага.
Планетата на убавината, парите и романтиката – Венера, преминува во Вага на 13-ти и ви овозможува да бидете поорганизирани, додека планирате и правите повеќе практични избори. Младата месечина во овој знак ќе ве мотивира да планирате повеќе.
На 22-ри Сонцето влегува во мистичната Скорпија, додавајќи елемент на радост и надеж, бидејќи експанзивната енергија ве крева и ви помага да преземете контрола врз вашиот живот. Сега ќе имате можност да ги зајакнете вашите основи.
Потоа, на 29-ти октомври, Меркур влегува во Стрелец, откривајќи ги недостатоците во вашиот професионален сектор. Оваа енергија ќе ви помогне да вложите напор за остварување на вашите соништа.
3. Овен
За претставниците на овој знак, затемнувањето кое помина можеше да донесе тешка енергија на напнатост, особено лунарното затемнување во Риби. Но животот станува многу подобар по октомври, Овни! Нови средби, нов начин на прифаќање на работите.
На 6-ти октомври Меркур влегува во Скорпија, потсетувајќи на тешки разговори од минатото. Сепак, полната месечина во вашиот хороскопски знак ќе се случи истиот ден на овој транзит. Ова ќе ви овозможи да се чувствувате храбро. Ѕвездите ви советуваат да останете сигурни и отпорни. Вашите способности за решавање проблеми ќе ви помогнат, бидејќи Меркур ви дозволува да генерирате идеи.
Венера внесува повеќе свежа енергија во секторот на партнерството на 13-ти, што го олеснува поврзувањето со партнерот ако сте во љубовна врска или се гледате со некого. Потоа младата месечина во Вага на 21-ви и преминувањето на Меркур во Стрелец ве потсетуваат дека тимската работа ќе биде крунисана со успех.