ЗНАЦИ ДЕКА СТЕ СЕ ИЗГУБИЛЕ ВО ЉУБОВНА ВРСКА ИЛИ БРАК

Еве 9 знаци кои покажуваат дека сте се изгубиле во љубовна врска :

  1. Губење контакт со сопствените цели, хоби и цел во животот.
  2. Потиснување на сопствените желби и ставање на втор план – желбите и интересите на партнерот ви се важни, а не вашите.
  3. Животот стана континуирана рутина. Секој ден е сличен на претходниот, во вашата врска нема нови впечатоци и емоции.
  4. Постојана вознемиреност, чувство како да не ви е доволно во врската. Страв од живот без партнер.
  5. Желбата да му угодите на партнерот, но и да им угодите на другите луѓе околу вас ставајќи ги секогаш на прво место. 
  6. при интеракција со партнерот сте навикнати да не сте свои, па почнувате да се „адаптирате“ и да одите против себе секогаш и секаде.
  7. Недефинирани емоции во врската, постојано сте растргнати помеѓу неутралност и гнев. Негативните чувства почнуваат повеќе да доминираат, бидејќи она што сте го потиснале во вас се обидува да излезе на површина.
  8. Желбата да се „пополни празнината“ на кој било начин. Најчесто, ова е потопување во работа, прејадување, компулсивно купување.
  9. Чувство на безнадежност, се чини дека сите соништа и планови никогаш нема да се остварат.