Постојат луѓе коишто се вљубуваат на прв поглед, а постојат и такви кои се вљубуваат со текот на времето. Како да препознаете дали сте вљубени или вистински го сакате вашиот партнер?
Нема потреба да се изложувате на стрес доколку не сте сигурни дали сте вљубени или не и дали го сакате вашиот партнер. Ова се неколку насоки кои ќе ви помогнат да го дознаете тоа.
Потребите на вашиот партнер се еднакво важни како и вашите, што се гледа според вашите зборови и постапки. Кога станува збор за мислите и желбите на вашиот партнер, размислувате исто како и за вашите, а тоа значи дека се грижите за него.
Не глумите пред него, го покажувате вистинското лице
Без проблем му ги покажувате вашите маани, не криете ништо од партнерот и искрено разговарате за сите теми.
Правите планови за иднината
Кога разговорот со вашиот партнер почнува да тече во правец на кроење на планови за иднината, вие спонтано почнувате дискусија за заедничка иднина без размислување околу нејзиното значење.
Ако ви се случуваат вакви и слични работи, тогаш најверојатно станува збор за вистинската љубов.
Се трудите да го сфатите и кога сте скарани
Дури и кога се расправате, вие се обидувате да ја разберете и неговата страна на приказната. Ова е знак дека вие сте создадени еден за друг и многу лесно ќе ги решите сите проблеми коишто ќе ви се случат во животот.