Интимноста не е само физичка близина. Многу луѓе ја мешаат интимноста со сексот. Всушност, тоа е нешто многу подлабоко, кое добива широко значење што го опфаќа физичкото и емоционалното.
И бидејќи интимноста е многу повеќе духовна и емоционална состојба, многу луѓе имаат проблем со тоа без да го сфатат. Ова ги спречува да градат стабилни и длабоки врски, долготрајни врски со нивните партнери, што ги тера да се вртат во круг.
Кои се знаците дека можеби имате проблем со интимноста?
Вашата работа е приоритет
Кога човек е задлабочен во својата работа и целото слободно време и го посветува на неа, тоа не е секогаш испровоцирано само од желбата за развој и подобрување на кариерата.
Во многу случаи, човекот потсвесно бега од реалноста во која треба да го посвети своето внимание и срце на друга личност. Полесно е да се извлечеш со цврст изговор, а работата е еден таков пример.
Страв од несовршеност
Луѓето кои имаат проблем со интимноста многу често се плашат дека не се совршени и наоѓаат безброј причини да ја намалат својата самодоверба. Стремежот за совршенство во врските и односите го попречува нивниот вистински развој.
Не постојат совршени луѓе и секој човек длабоко во себе го знае тоа. Партнерите не очекуваат од вас да бидете совршени, а не треба ниту вие, бидејќи се измачувате себеси и ја попречувате вашата среќа.
Криење тајни од минатото
Една од можните причини за проблеми со интимноста се тајните од минатото. Кога се обидувате да сокриете нешто по секоја цена, еден од излезите во такви ситуации е да избегате од интимноста.
Кога сте блиски со партнерот, веројатноста за откривање и споделување тајни е голема. Така, потсвесно претпочитате да не се обврзувате, за да не морате да ги откривате вашите тајни.
Вие сте несигурни
Луѓето со ниска самодоверба се несигурни и тоа ги спречува вистински да се релаксираат во нивните односи. Иако длабоко во себе им е потребна интимност, тие се оддалечуваат од вистинско откривање на другите поради страв од сопствената слабост.
Не делувате природно, носите маска
Друг знак за бегање од интимност и емоционална посветеност е неприродното однесување. Ако постојано сте во улога, ставате маски и се преправате дека сте некој што не сте, ова сугерира тешкотии во интимноста.
Луѓето кои се плашат да бидат вистински и искрени пред другите носат маска за да ја сокријат својата вистинска природа.