ЗНАЦИ КОИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ТОЈ САМО ВИ ГО ГУБИ ВРЕМЕТО

Времето е нешто највредно за сите нас. Ова важи за се во животот. Кога гледаме здодевен филм, присуствуваме на здодевен настан, сме во непријатно друштво, секогаш си велиме дека ова е губење време. Стануваме и заминуваме. Кога некој не изнервира, ни се меша во работата или одморот, тогаш сфаќаме дека е губење време и дека треба да внимаваме на работите кои не ни се потребни.

Но, дали знаеме кога мажот ни го губи времето? Многу е лесно да се заплеткате во нечиј шарм и сладок разговор. Времето минува и кога ќе направиме сметка, сфаќаме дека не сме добиле ништо што ни треба. Разочарани, со празни надежи и чекање.

Постојат голем број на знаци кои јасно покажуваат дека тој ви губи време, погледнете кои се тие:

  1. Тој е непостојан кон вас. Еден ден се труди, покажува интерес, но неколку дена подоцна вие како да не постоите за него.
  2. Не си стои на зборот. Друг знак дека го губите времето со овој маж е тоа што тој не ги одржува договорите со вас.
  1. Си игра со вас затоа што така го храни своето его.
  2. Вашата врска е неизвесна. И ова ве збунува, што е нормално, бидејќи можеби сте само пријатели, но знаете дека ви се допаѓа. Можеби затоа што сте интимни, но ништо повеќе. Можеби сте љубоморни и немате врска, не сте ни имале секс.
  1. Ви кажува дека не сака сериозна врска со вас или дека во оваа фаза не бара сериозна врска со никого. И во двата случаи може да се претпостави дека вие нема да бидете неговата следна сериозна врска, па не очекувајте да ги промени намерите кон вас.
  2. Секогаш вложувате напор за вашата врска, каква и да е, додека тој е пасивен.
  3. Емотивно не ви се открива. Кога мажот не се труди емотивно да се зближи со жена, тоа за неа е губење време.
  1. Ги споделува неговите проблеми, но тоа е се. Можеби грешите дека откако ќе побара мислење за одредени прашања, ќе сподели со вас во тешките моменти за него, всушност му се допаѓате и би имал врска со вас, но грешите. Тоа не значи ништо. Само се растоварува од тоа што му тежи и ништо повеќе.
  2. Често ја споменува својата бивша или други жени, познати или непознати за вас, а неговата симпатија кон нив е јасна во разговорот.
  1. Ретко го интересира како ви поминал денот, вашите викенди, не се труди подобро да ве запознае.
  2. Не се чувствувате посебно за него.
  3. Комуницирате онлајн и само кога нему му е удобно, а ретко зборувате на телефон.