Не е тајна дека мажите и жените ја искажуваат својата љубов еден кон друг на многу поинаков начин.
Многу често, кога мажот е подготвен јавно да ја покаже својата блискост и грижа за вас, тоа значи дека веќе сте посебни за него. Потребно му е повеќе време да размисли за ситуацијата пред да се одлучи, но ако го направи тоа бидете сигурни дека тој навистина има чувства кон вас.
Погледнете кои 9 знаци покажуваат дека тој навистина ве сака:
- Забележува и мисли дека сте убава, дури и кога најлошо изгледате. За вистински вљубениот човек, дури и вашите несовршености се привлечни.
- Тој секогаш ве слуша внимателно. Кога навистина ве сака, ќе забележите дека не го заборавил она што сте му го кажале и го послушал вашиот совет.
- Ако го жртвува неговото сопствено задоволство во името на вашата среќа, тогаш вие сте посебна за него.
- Ако тој се расправа со вас, тоа не е затоа што тој сака да се бори, туку затоа што сака да го најде вистинското решение и да добие едногласно мислење за спорот.
- Ако постојано се бори за вашата љубов тоа е огромен доказ дека ве сака.
- Ве поддржува и се гордее со вас. Тој секогаш е подготвен да ви помогне да ги постигнете вашите цели…
- Нема страв да ја покаже својата слабост. Ако тој ве сака, нема да се плаши да покаже страв од вашата загуба.
- Го почитува и вреднува вашето семејство и пријатели.
- Внимателно забележува што е она што ви се допаѓа во сексот и е максимално подготвен да ви овозможи незаборавни моменти.