ЗНАЦИ КОИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА ВРСКАТА НЕМА ДА ОПСТАНЕ

Кога ги игнорираме црвените знамиња во врската, резултатот често може да биде катастрофален. Сигурно не е лесно, но кога ќе забележите некои од загрижувачките сигнали, мора да бидете бескомпромисни.



Погледнете некои од знаците:

  1. Постојано задоцнување
    „Постојано“ е кога доцнењето се случува по три последователни состаноци. Ако тој или таа се појават повеќе од 10 минути подоцна, не чекајте по четврти пат.
    Нема сомнение дека ќе има прекрасно извинување, но три пати по ред е модел на однесување кој најверојатно вели: „Не сакам да се вплеткам во ова“. Немојте ни вие!
  2. Грубо однесување со келнери
    И, исто така и со таксистите и секој кој им служи на некој начин. Таков мал детал може да открие многу за карактеристиките на личноста, а она што ќе го откриете нема да ви се допадне.
  3. Сексот не е добар
    Немојте да бидете измамени мислејќи дека сексот не е толку важен за врската поважен е отколку што мислите.